Свет
10. November 2017 - 8:34

Тајфун се упати кон Виетнам во пресрет на самитот на АПЕК

Тропски тајфун се формирал во Јужнокинеското Море западно од Филипините и можно е да се упати кон Виетнам, во време кога земјата се подготвува за големиот самит на Организацијата на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК).

Претседателите на САД, Русија и Кина учествуваат на самитот во виетнамскиот град Дананг. Насоката на тајфунот е кон северо-запад, односно кон Виетнам, а најсилните ветрови се меѓу 90 и 105 километри на час.

Сепак, метеролозите очекуваат дека тајфунот најверојатно нема да стигне до Дананг за неколку дена, а дотогаш Самитот треба да биде завршен.