Џет-Сет
18. November 2016 - 9:39

Тага во домот на српската пејачка: Го загуби и второто бебе

Само неколку дена откако во јавноста излезе информацијата дека пејачката Слаџа од Алегро Бенд е бремена, таа го загуби бебето.

Пејачката е во шок откако ја слушнала веста, и моментално е во домот каде ја лечи тагата со сопругот.

- Таа и минатата година го загуби бебето, па затоа сега беше пресреќна за приновата. Никој не очекуваше ваква трагедија, вели извор близок до нив.

Таа минатата година изјави дека кога го загубила бебето и било многу тешко и посакала да не живее.