Тага во Брвеница: И дошле во посета, ја пронашле мртва
Вчера во 15.15 часот во ПС Тетово, Д.К. (48) од Тетово пријавила дека, заедно со нејзиниот сопруг Д.К., во нејзиниот стан на ул. 180 во Тетово ја пронашле почината нивната потстанарка Б.Т. (64) од с.Брвеница, со привремено живеалиште на наведената адреса.
Имено, околу 15.00 часот Д.К. заедно со нејзиниот сопруг дошле со намера да се видат со Б.Т., но откако не ја отворила вратата, истите со употреба на сила ја отвориле и ја пронашле почината.
Смрт е констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово.
Лекар од судска медицина извршил преглед врз телото и не констатирал траги на насилство.
По наредба на Јавен обвинител телото е однесено во Клиничка болница Тетово за обдукција.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Протести во Ореовец
-
Почнаа дебатите за реформи на Судскиот совет, конечно решение се очекува до крајот на декември
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов електронски систем за дозволи за оружје
-
СДСМ: Тошковски отпушта чесни полицајци
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Во наредните месеци нов закон за Судски совет
-
Состанок на високо ниво за новата рамка за одржлив развој меѓу ОН и Македонија