Тачи: Верувам во демократски, модерни и европски избори
Косовскот претседател Хашим Тачи се надева дека предвремените парламентарни избори во неговата земја, закажани за 11 јуни, ќе бидат фер, демократски, сеопфатни, со високи стандарди и оти изборните резултати ќе бидат признати од сите.
Претседателот Тачи, кој по првпат нема да биде дел од изборниот натпревар, изјави дека не му недостига изборната трка и оти ќе биде посветен на неговите обврски кои произлегуваат од Уставот и законите на земјата.
- Прво сакам да им честитам на сите граѓани за новата изборна можност и сакам да им честитам на сите политички партии за оваа нова демократска трка. Изгласувањето недоверба на Влада, распуштање на Парламент и спроведување предвремени избори не се ништо необично, туку е нешто вообичаено во парламентарните системи. Иако јас не сум дел од изборната трка, како претседател на државата, со целото мое битие сконцентиран сум на два сегмента кои ми ги дава Уставот и законите на Косово и имам обврска и одговорност да работам, изјави Тачи за косовската телевизја.
Според него, првиот сегмент е создавање услови за организирање фер и демократски избори, а вториот граѓаните што помасовно да излезат и го реализираат своето право на глас.
Ново на Сител
-
Путин: Украина мора да биде неутрална за да дојде до мир
-
Комеморација за писателката Оливера Николова
-
Мицкоски оптимист за иднината на земјава во ЕУ, од Брисел порака дека европскиот пат зависи од уставните измени
-
Во текот на ноќта соборени 17 украински дронови над руска територија
-
Трамп ја именуваше менаџерката на кампањата Сузан Вајлс за шефица на кабинетот
-
Двајца загинати и 12 исчезнати по потонување на рибарски брод во Јужна Кореја
-
Сончево со студено утро
-
Путин му честиташе на Трамп