Балкан
26. May 2019 - 19:06

Тачи: Косово и Албанија ќе бидат една држава без граници

При вчерашна посета на Албанија, косовскиот претседател Хашим Тачи изџјави дека Косово и Албанија ќе живеат во една држава без граници, пренесуваат медиумите во Приштина и во Белград.
 
Во блиска иднина ќе живееме заедно, во една заедничка држава Косово-Албанија“,порачал Тачи и додал дека Косово ќе ги приклучи и општините Прешево, Бујановац и Медвеѓа, од југот на Србија, каде што живее значителна албанска заедница.
 
Бидете сигурни дека многу лесно е остварувањето на сонот дека имаме еден простор без граници меѓу Косово и Албанија“, рекол Тачи наведувајќи дека ќе биде полесно „отколку што беше предизвик да се оддалечи Србија од Косово“.
 
„И тоа ќе се случи“, го цитира Тачи косовскиот портал Kosovapress.