Тачи: Белград планира да го анектира северно Косово како случајот на Русија со Крим
Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави денеска дека Белград планира да го анектира северно Косово, како што Русија го анектираше Крим, јави Танјуг.
Приштина и Белград меѓусебно се обвинуваат за поттикнување нова регионална војна, а специјалните единици на косовската полција во саботата спречи воз насликан со националните бои на Србија и со натписот, „Косово е Србија“ да ја премине границата.
Тачи изјави дека целта на возот била да ја испровоцира Приштина, со цел да се пронајде изговор Белград воено да интервенира и да го анектира северно Косово, каде живеат околу 50 илјади Срби, кои не ја прифаќаат косовската независност.
- Намерата на Србија е да го искористи тој воз, кој го донирала Русија, најпрво за да помогне да се одвои северниот дел на Косово, а потоа...тој дел да се спои со Србија. Тоа е кримскиот модел, рече Тачи.
Српскиот претседател Томислав Николиќ изјави вчера дека акцијата на Косово покажала дека Приштина сака војна со Белград и порача дека Белград ќе испрати војска доколку на Косово има убиства на Срби.
Одговарајќи на изјавата на Николиќ Тачи рече дека каков било обид на Белград за анектирање на северно Косово ќе покрене „верижна реакција во цел Западен Балкан“.
Ново на Сител
-
Лавров: Блискиот исток е на работ на голема регионална војна
-
Кина продолжува да ги намалува ограничувањата за странски инвестиции
-
Фон дер Лајен: Трансформациите треба да бидат фер и да обезбедат просперитет за сите во Европа
-
ДЗС располага само со еден функционален „Ер трактор“, но моментално нема потреба од дополнителни летала
-
Лишени од слобода деветмина дрвокрадци, поднесена кривична пријава
-
Се шетал со полн пиштол и уште 61 куршуми - Уапсен 19 годишник
-
СВР Скопје со засилени мерки за безбеден град Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: Антикорупциска и ЈО да испитаат зошто Филипче како министер криел имот што го поседува