Џет-Сет
6. July 2015 - 11:42

Таблоидите пронајдоа „виновник“ за разводот на Афлек и Гарнер

Фановите на Бен Афлек и Џенифер Гарнер беа тажни минатата недела кога актерите објавија дека се разведуват по десет години брак.

Во деновите кои следеа, таблоидите ги собраа сите можни озборувања за тоа кој е „заслужен“ за разводот.

Најновите информации говорат дека 42-годишниот актер се вљубил во преубавата Маргот Роби со кој наводно се зближил во текот на снимањето на филмот „Самоубиствен одред“.

И додека некои таблоиди пишуваат за „сериозните чувства“, некои други извори истакнуваат дека Бен и Марго немале заедничка сцена, па со самото тоа не ни можеле да поминуваат премногу време заедно.

Но, тоа не значи дека „неименуваниот извор“ нема да дојде со информации како што е оној дека Бен „размислува за Маргот“, откако ја видел во „Волкот од Волстрит“.

Минатат недела, еден ден по десетгодишнината од нивниот брак, Бен и Џенифер објавија заедничко соопштение во кое го најавија нивниот развод, 

- По многу размислувања, донесовме одлука за развод. Ќе продолжиме да се сакаме и да бидеме пријатели и ќе се посветиме на нашите деца. Ве молиме да ја почитувате нашата приватност во овие тешки моменти, стоеше во соопштението.

По објавата, Бени Џенифер ги одведоа своите деца на Бахамите за да ги држат што подалеку од медиумската врева.

И додека семејството ужива на Бахамите, Маргот времето го минува со нејзиното момче, Британецот, Том Акерли, со кого е во врска повеќе од една година.