Таа умираше од рак, а потоа се омажи за љубовта на нејзиниот живот и ги шокира лекарите
На пациенка болна од рак, лекарите и дале одобрување да се омажи за нејзиниот вереник, затоашто верувале дека и остануваат само неколу денови од животот, а потоа нејзиното заздравување ги остави без зборови.
Серена Скот (32) ја слушнала најлошата можна вест кога лекарите и рекле дека израстокот со големина на љубеница на нејзинот стомак е рак на јајници. Оваа продавачка од Кент тврди дека стомакот и пораснал „преку ноќ“, поради што изгледала како да е бремена. Од лекарите била предупредена дека можат да и откажат и белите дробови. Загрижена од вестите, Серена се загрижи дека никогаш нема да се омажи за нејзиниот вереник Роберт. Тие се вериле во 2005 година, но сите овие години настојувале да заштедат доволно пари за нивната свадба од соништата.
Со Роберт комуницирала со пишани пораки, а откако немало никакви знаци на подобрување на состојбата, лекарите и дозволите да се омажи затоа што верувале дека тоа и е последната желба.
- Роберт беше мојата потпора и се трудеше да не паднам во депресија, рече таа за „Дејли Мејл“.
Тие се венчаа на 8 септември 2014 година во нејзината болничка соба.
Но, и покрај црните прогнози, по венчавката таа почна драстично да заздравува, а нејзиниот рак во моментов е во ремисија. Една година по венчавката, Серена со сопругот ги обнови брачните завети.
Таа се опорави и од воспалението на белите дробови, така што лекарите можеле да извршат оперативен зафат и го извадат туморот.
Серена и Роберт се надеваат дека таа ќе биде со добро здрвје за да можат да посвојат дете, а откако се опорави започна кампања со која собира пари за истражување на ракот.
Ново на Сител
-
Мицкоски и Филипче се договорија заеднички да ја туркаат реформската агенда
-
Дел од пациентите со дијабетес останаа без инсулин - Таравари вели дека новиот тендер ќе заврши многу скоро
-
Средба Силјановска - Радев утре во Софија
-
Сточарите не ги предаваат јагнињата во домашните кланици порадни ниските цени
-
Преглед на вестите од светот
-
Трамп воведе реципрочни тарифи – светот стравува од глобална рецесија
-
Директните ефекти од царините на Трамп ќе бидат мали, но ќе се одразат врз македонската економија
-
Средба Мицкоски - Филипче