Живот
18. April 2017 - 11:58

Таа е првата дама на Турција - Вели дека е просечна турска жена, но троши на луксуз!

На вчерашниот референдум во Турција, актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган успеа да ги придобие мнозинството гласачи и да ја добие поддршката за повеќе овластувања. 

На гласањето тој вчера се појави со неговата сопруга Емине Ердоган, која сама по себе е интересна личност, а нејзините ставови не се разликуваат многу од оние на сопругот.

Улогата на првата дама во Турција е да разменува мислења со другите први дами на различни теми и да работи на проекти кои се од големо значење за општеството. 

Нејзината фамилија има арапско потекло и доаѓаат од југоисточната покраина Сирт. Таа е најмладото дете од вкупно пет, а завршила уметночко школо, но го напуштила пред дипломирањето.

Емина2.jpg

Првата дама на Турција одигра голема улога и во спротивставувањето на детските бракови, истакнувајќи дека „принудното венчавање на деца е неприфатливо под било кои околности“. Таа поддржа многу невладини проекти кои се бореа за решавање на проблемите на жените.

Сопружниците живеат во огромна палата недалеку од турската престолнина Анкара, а изградбата на куќата чинела 590 милиони евра. Позната е уште како и „Белата палата“, а чинела дупло повеќе отколку што било предвидено.

Иако, Емине се промовира како секоја просечна турска жена, нејзиниот луксузен живот е далеку од живеењето на просечните Турчинки.