„Та неа“: Имињата во нацрт спогодбата се на македонски, без превод и слеано во еден збор
Атина преферира новото име да биде на македонски јазик, непреведено и напишано слеано во еден збор, објавува весникот „Та неа“ во денешната анализа за нацрт спогодбата што Грција ќе и ја достави на Македонија.
Документот изготвен на 20 страници, според весникот, Коѕијас на Ципрас му го доставил минатиот вторник пред патувањето на грчкиот премиер за Брисел за да може главните точки да им ги претстави и на Меркел и на Јункер, јави дописникот на МИА од Атина.
Во грчката нацрт спогодба се содржани четири од петте имиња од почетниот пакет идеи на Нимиц, бидејќи предлогот „Република Македонија – Скопје“ веќе бил отфрлен уште на средбата на Алексис Ципрас и Зоран Заев во Давос.
- Се чини дека Атина преферира новото и постојано име да е напишано на словенски, да биде непреведено, но и еден збор (на пр. Горнамакедонија или Новамакедонија). Клучно за Атина е прашањето за промената на Уставот на Скопје, пишува „Та неа“ во денешното издание и коментира дека Атина бара да има промена на денешното уставно име.
Грција сака и правни гаранции дека некоја идна влада во Скопје нема да се стреми кон промена на Уставот, но и предлага, ратификацијата на договорот во грчкиот парламент да биде по референдумот кај нас.
Грција сака и правни гаранции дека некоја идна влада во Скопје нема да се стреми кон промена на Уставот, но и предлага, ратификацијата на договорот во грчкиот Парламент да биде по референдумот кај нас.
Според досегашните изјави на шефот на грчката дипломатија, предлогот од грчка страна ќе содржи седум точки и ќе се однесува, освен на името и на сите други теми и прашања поврзани со името.
Како што во саботата објави МИА, Никос Коѕијас, говорејќи за првата програма на грчкото државно радио, рече дека нацрт спогодбата веројатно прво ќе биде испратена до Македонија, а потоа тој ќе допатува во Скопје.
Ново на Сител
-
Муртезани: Предвремени избори при стабилна влада се несериозни изјави за дневна политика
-
Бројот на загинатите во Либан од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хезболах е над три илјади
-
Дала воена информација на Русија: Украинка осудена на 15 години затвор под обвинение за предавство
-
Совет за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна, надлежните институции редовно ги следат состојбите во државата
-
71-годишен маж од Делчево нападнал дете
-
Скопјанка нападната во казино во Шутка
-
Баба и млад скопјанец се судриле со автомобилите, па физички се пресметале
-
Горан Весиќ најави оставка од функцијата министер за градежништво на Србија