СЗО: Во Европа забавува ширењето на новиот коронавирус
Вo Европа има знаци дека забавува ширењето на Ковид-19, но и покрај тоа ситуацијата останува сериозна, изјави денеска директорот на европската канцеларија на Свeтска здравствена организација (СЗО), Ханс Клуге.
– И покрај тоа што ситуацијата и понатаму е прилично алармантна, почнуваме да гледаме охрабрувачки знаци, изјави Клуге на прес-конференција, што се одржуваше онлајн од Копенхаген.
Тој додаде дека во Италија, европска земја со најголем број на инфицирани со новиот коронавирус, има мало намалување на новозаразени лица, но сепак е рано да се каже дека пандемијата го достигнала врвот.
СЗО Европа, која е одговорна за територијата од Атлантски до Тихи Океан, каде има 53 држави, веќе се регистрани 220.000 заразени луѓе, од кои 11.987 починаа.
– Приближно 60 проценти од инфицираните и 70 отсто од починатите од коронавирусот во светот се во Европа, наведе Клуге.
Тој додаде дека преземените мерки за сузбивање на ширењето на Ковид-19 прiдонеле за државите во Европа да добијат на време и да го намалат притисокот врз националните здравствени системи.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо