СЗО: Владите во Европа не треба да ги намалуваат трошоците за здравство
Економска криза во Европа – последица од пандемијата на новиот коронавирус – не треба да ги присилува владите да ги намалат јавните трошоци за здравството, предупреди денеска европскиот огранок на Светската здравствена организација.
– Загрижени сме дека земјите можат да одговорат на кризата на ист начин како што направија пред десет години – со намалување на јавните трошоци во здравството, рече директорот на СЗО Европа, Ханс Клуге, на прес-конференција во Копенхаген.
– Наши приоритет денес мора да биде да инвестираме во здравство, социјална заштита и да избегнуваме мерки на штедење“, рече тој, потсетувајќи дека економското закрепнување ќе биде можно само доколку циркулацијата на коронавирусот е под контрола.
Според СЗО, меѓу 2008 и 2013 година јавниот здравствен буџет по глава на жител се намалил во скоро половина од земјите во регионот.
Според европскиот огранок на СЗО, што опфаќа 53 различни држави – од Русија до Андора, официјално потврдените случаи на заразени со новиот коронавирус во Европа се веќе над два милиона, а смртните случаи поврзани со вирусот – 175.000.
Ново на Сител
-
Зеленски: Украина е максимално конструктивна во разговорите во Саудиска Арабија
-
Имамоглу суспендиран од функцијата градоначалник на Истанбул
-
Куп на ЕХФ: Алкалоид ремизираше против Минаур Баја Маре
-
Со едночасовен молк во скопскиот Градски парк стотина млади оддадоа почит на загинатите во пожарот во Кочани
-
Во Ријад почнаа разговорите на делегациите на САД и Украина
-
Двајца осомничени, илегално пренесувале амфетамин од Скопје до Гевгелија
-
Во Белград се одржа првиот состанок на Движењето за народот и државата
-
Насилство на скопската обиколница, предложен притвор за осомничениот