Свет
16. March 2021 - 8:17

СЗО: Суспендирањето на употребата на АстраЗенека покажува дека функционираат системите за заштита на јавното здравје

Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Адана Гебрејесус синоќа изјави дека системите дизајнирани за заштита на јавното здравје работат затоа што неколку земји ја суспендираа употребата на вакцината против Ковид-19 на АстраЗенека за да се испитаат можните несакани ефекти.

– Тоа не мора да значи дека овие настани се поврзани со вакцинирање против Ковид 19, но вообичаена практика е да се испитаат и ова покажува дека системот за надзор функционира и дека има ефективни контроли, изјави Тедрос за време на онлајн брифинг.

Советодавниот одбор на СЗО планира да се состане денеска за да разговара за вакцината, која беше привремено прекината од Германија, Франција, Италија, Шпанија, Словенија, Португалија и други држави, откако неколку земји пријавија сериозни здравствени проблеми и смрт кај некои пациенти кои примиле вакцина на таа компанија.