СЗО: Стапката на инфекција со коронавирус речиси на највисоко ниво
Бројот на нови случаи на коронавирус за една недела е речиси двојно зголемен на глобално ниво во последните два месеца, приближувајќи се на највисоката стапка во досегашниот тек на пандемијата, изјави денеска во Женева генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус.
– Бројот на новозаразени и смртни случаи продолжува да расте со загрижувачки стапки – рече Тедрос на конференцијата посветена на состојбата во Папуа Нова Гвинеја и западно-пацифичкиот регион.
Досега се пријавени повеќе од 9.300 случаи на коронавирус и 82 смртни случаи во земјата.
– Иако овие бројки сè уште се пониски од другите земји, зголемувањето е драстично и СЗО е многу загрижена за потенцијалот за многу поголем обем на епидемијата – рече Тедрос.
Ново на Сител
-
Утрото студено, преку ден до 11 степени
-
Магла на неколку патни правци низ државата
-
Лазаров: Целта е исполнета, одиме добро да се подготвиме за средбите во Главната рунда
-
Опожарен бутик, нема повредени, зафатени фасадата од зградата, стан и две возила
-
Македонските ракометари се пласираа во Главната рунда на СП 2025
-
Двајца малолетници пронајдени мртви во гаража во Рашка
-
Првите три заложнички што ги ослободи Хамас префрлени во Израел
-
Горан Димовски го извлече Светиот Крст во Кратово