СЗО: Ширењето на мајмунски сипаници може да се спречи со правилни мерки
– Шефот на одделот за пандемија при Светската здравствена организација (СЗО), Силви Брајан, вели дека „невообичаеното“ ширење на вирусот на мајмунските сипаници може лесно да се спречи со правилни мерки.
СЗО предупредува дека 200 случаи на мајмунски сипаници регистрирани во изминатите недели во светот, надвор од земјите каде што често циркулира вирусот, би можеле да бидат само почеток, пишува лондонскиот дневен весник „Гардијан“.
– Не знаеме дали само го гледаме врвот на ледениот брег, односно дали има уште многу случаи кои не се откриени, истакна Брајан на вчерашниот брифинг.
Откако Велика Британија првпат потврди случај на мајмунски сипаници на 7 мај, речиси 200 заразени лица се пријавени во СЗО од држави кои се оддалечени од земјите каде што вирусот е ендемичен, а Европскиот центар за превенција и контрола на болести процени дека има 219 такви случаи.
Случаи на инфекција со вирусот на мајмунски сипаници ненадејно се откриени во повеќе од 20 земји во светот, вклучувајќи ги САД, Австралија, Обединетите Арапски Емирати и уште речиси десетина земји од ЕУ.
Шпанското Министерство за здравство вчера соопшти дека досега се потврдени 98 случаи, додека во Велика Британија во моментов има 90 откриени инфекции.
Португалија, пак, регистрирала 74 случаи, соопштија вчера здравствените власти на земјата, додавајќи дека сите инфекции се откриени кај мажи, главно на возраст под 40 години.
Аргентина вчера ги потврди првите два случаја на мајмунски сипаници во Латинска Америка.
– Сè уште сме на самиот почеток на ова случување, знаеме дека ќе имаме повеќе случаи во наредните денови, им порача Брајан на претставниците на земјите-членки кои присуствуваат на собранието на СЗО во Женева, нагласувајќи дека нема простор за паника.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Поранешниот министер за образование на ДУИ и СДСМ физички се пресметува со колеги пратеници
-
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ создава тензии во Собранието, во надеж дека ќе се спасат од одговорност за криминалот
-
Инцидент на Комисијата за европски прашања | ВИДЕО
-
Бектеши: Усвоени измените со кои трговците во туристичките места ќе можат да работат во недела и на празници
-
Собранието одржа седум пленарни седници
-
ВМРО ДПМНЕ: Наместо ветинг добиваме спорно продолжување на мандати на судии
-
Вархеји: Нема веќе пречки за Северна Македонија, Бугарија го прифати решението
-
Рама: Не е ЕУ виновна, ние сме луди на Балканот зашто мислиме дека сме најстар народ