СЗО против дезинформациите: Лукот не штити од корона вирусот
Светската здравствена организација тргна во борба против дезинформациите поврзани со корона вирусот. Под мотото Myth busters, на сајтот на СЗО, меѓу останатото, се укажува на фактот дека лукот не ги штити луѓето од инфекција со Covid-19.
Исто така, засега не постојат индиции дека домашните миленици се инфицирале од овој вирус.
„Не се бориме само против епидемија, туку и против инфодемија. Лажните вести се шират многу брзо и поедноставно од вирусот, а исто така се опасни“, вели шефот на СЗО Тедрос Гебрејсус.
За да се заштитат луѓето од новиот вирус е потребно често да ги мијат рацете и потоа добро да ги избришат. СЗО не советува УВ зрачење против вирусот бидејќи тоа предизвикува проблеми на кожата. Исто така, прскањето на кожата со алкохол и хлор не помага ако вирусите се веќе во телото.
Ниту маслото од сусам го убива Covid-19, истакнуваат од СЗО. Се наведува дека постојат повеќе хемиски средства за дезинфекција кои на површина го убиваат вирусот, како што се средствата за дезинфекција на база на хлор, етанол. Но, овие средства за дезинфекција не смеат да се ставаат на кожа. СЗО укажува и дека не се заканува опасност од инфекции на отворање писма или пакети од Кина.
„Од претходни анализи знаеме дека корона вирусот на предмети како што се писма и пакети не може долго да преживее“, се наведува во СЗО.
Покрај тоа се укажува дека антибиотиците и вакцинациите против воспаление на белите дробови, како што се вакцините против пнеумокока, не заштитуваат од новиот вирус.
Ниту редовната хигиена на носот не штити од инфекција, додаваат од СЗО, укажувајќи дека и тоа е една од низата дезинформации.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата