Loading Video...
Свет
24. November 2021 - 16:42

СЗО предупредува дека до март би можеле да умрат уште 700.000 луѓе во Европа

До март идната година во Европа би можело од Ковид-19 да починат уште 700.00 луѓе, предупреди Светската здравствена организација. Бројот на починати веќе е над 1,5 милиони во 53 земји кои СЗО ги нарекува европски регион. Бавната вакцинација, високозаразниот  делта сој и олабавувањето на рестрикциите  се причини зошто Европа повторно е епицентар на пандемијата велат експертите од СЗО.

Од Европската комисија порачаа дека вакцианцијата против врусот делува и притоа обајви графикон кој  го покажува односот на вакцинирани и починати во земјите од Европската унија. МАтематиката е јасна - колку што вакцинацијата е поголема, смртноста е помала стои во твитот на комисијата.