СЗО повика на вакцинација на децата против морбили
СЗО повика на вакцинација на децата кои не биле вакцинирани против мали сипаници за време на пандемијата на Ковид-19, нагласувајќи дека болеста минатата година се појавила во повеќе од 50 земји.
Во изминатата година, сипаниците се појавија во повеќе од 50 земји, двојно повеќе отколку во 2022 година, рече на виртуелна прес-конференција Кејт О’Брајан, директорката за имунизација на СЗО.
Малите сипаници или морбили, се многу заразна вирусна болест која предизвикува симптоми слични на грип и осип.
Тоа понекогаш може да биде фатална, но може да се спречи со две дози вакцина.
Поради пандемијата на Ковид-19, речиси 60 милиони деца ширум светот пропуштија да се вакцинираат, рече О’Брајан, истакнувајќи дека е „навистина од клучна важност“ тоа да се надомести.
Американскиот центар за контрола и превенција на болести, исто така, вчера повика на вакцинација против сипаници.
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место