СЗО: Огромен пораст на новозаразени во Европа, во Словенија скок за 150 отсто
Светската здравствена организација денеска објави дека минатата недела е забележано големо зголемување а инциденцата на коронавирус во Европа, односно дека се потврдени повеќе од 927.000 случаи.
Во својот последен извештај, СЗО наведува дека бројот на нови случаи е зголемен за 25 проценти во последната недела, односно дека новите случаи во Европа сочинуваат 38 проценти од сите нови случаи пријавени ширум светот.
Како што се наведува, повеќе од половина од случаите во Европа ги бележат заедно Русија, Чешка и Италија.
СЗО потенцира и дека и бројот на смртни случаи во Европа продолжува да расте и е за една третина повисок од претходната недела.
Агенцијата за здравство на ООН соопшти дека бројот на нови случаи во Словенија е зголемен за 150 проценти во однос на од претходната недела, со нови 4.890 случаи.
Ново на Сител
-
Пад на индустриското производство од 7,9% во септември
-
Тема на денот со Благој Бочварски, СДСМ
-
Први пратенички прашања за Мицкоски, Филипче му побара оставка
-
Реакции по извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија
-
Екс министерката Костадиновска заработи кривична пријава за Универзална
-
Се уште нема никаква одговорност за смртта на 14 месечното бебе од Гошинце
-
АХВ: Потврден случај на птичји грип кај угината гуска во Злокуќани
-
Побарано да се забрани внес на нови животни во скопската зоолошка