СЗО објави крај на епидемијата на ебола во ДР Конго
Заврши епидемијата на ебола во Демократска Република Конго, соопшти синоќа Светската здравствена организација (СЗО).
Според СЗО, по истекот на двата инкубациски периоди од по 21 ден, анализите покажале негативни резултати за присуството на болеста по регистрацијата на поскедното заразено лице во провинцијата Бас Уеле.
Во ДР Конго продолжува зајакнатото следење на епидемиолошката ситуација, како и подготовките за нова појава на ебола.
На 11 мај Министерството за здравсто на ДР Конго ја информира СЗО за присуството на индикации, слични на симптомите на ебола, забележани кај пациенти во регионот Ликато, близу границата со Централноафриканската Република.
Од почетокот на епидемијата починаа четири лица, а четворица беа излекувани.
Лабораториските анализи го потврдија присуството на болеста само во пет случаи.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, ги поздрави мерките што ги презеде Киншаса за борбата против епидемијата на ебола.
- Завршената епидемија во ДР Конго му докажа на светот дека можеме да го контролираме смртоносниот вирус на еболата, доколку реагираме во почетниот стадиум, на координиран и ефикасен начин, нагласи Гебрејесус.
Ова беше осма појава на ебола по откривањето на вирусот во ДР Конго во 1976 година.
Ново на Сител
-
Заврши општата расправа за законот со кој учениците од верските училишта ќе можат да полагаат државна матура и да се запишат на кој било факултет
-
Мицкоски: Пензиите ќе пораснат за нови 2.000 денари
-
Муцунски: Инвестиции, инфраструктура, подобар живот – надворешна политика што носи резултати
-
Социолошки поглед за модерен Центар | Горан Герасимовски | Неформално | Sitel Podcast 105
-
Владата со препорака за работодавачите во врска со топлотниот бран
-
САД по третпат го напуштаат УНЕСКО
-
Три лица се хоспитализирани - изгаснат пожарот што избувна во Кочани | ВИДЕО
-
Кремљ: Не очекуваме напредок во мировните преговори со Украина