СЗО: Не е јасно дали треба трета доза вакцина против Ковид-19
Светската здравствена организација соопшти дека не е јасно дали трета доза вакцина против Ковид-19 за одржување на заштитата од коронавирусот, јави Гардијан.
Во изјава испратена до Си-Ен-Ен, Фајзер/Бионтек соопшти дека имунитетот на луѓето почнал да слабее шест месеци откако биле вакцинирани.
Фајзер/Бионтек вчера соопштија дека планираат да побараат од американските и европските регулатори да одобрат довакцинација со трета доза, врз основа на докази за зголемен ризик од зараза шест месеци по вакцинацијата и поради ширењето на многу заразната делта варијанта на вирусот, која прво беше идентификувана во Индија
– Не знаеме дали ќе бидат потребни засилувачки вакцини за да се одржи заштитата од Ковид-19 се додека не се соберат повеќе податоци, но ова прашање го решаваат истражувачите, соопшти СЗО како одговор на прашање на Ројтерс. „Достапни се ограничени податоци за тоа колку трае заштитата со сегашните дози на вакцина против Ковид-19 и дали дополнителна засилена доза би била корисна и за кого”, се вели во соопштението.
Директорот на одделот за истражување и развој на Фајзер Микаел Долстон изјави дека првичните податоци од студиите на компанијата покажуваат дека трета засилувачка доза генерирала нивоа на антитела кои биле пет до десет пати поголеми отколку по втората доза, што сугерира дека третата доза ќе понуди ветувачка заштита.
Недостигот на долгорочни податоци, како што обично се случува со вакцините, е причината што Фајзер дури сега учи за овие проблеми со нивната вакцина во две дози.
Американската Администрација за храна и лекови (ФДА) и Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) во заедничката изјава ја отфрлија изјавата на Фајзер и истакнаа дека на Американците кои се целосно вакцинирани, не им треба засилувач
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право