СЗО: На светот му недостасуваат шест милиони медицински сестри
Поради пандемијата од коронавирусот, Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека на светот му недостасуваат шест милиони медицински сестри.
ОН заедно со здруженијата „Нега сега“ и „Меѓународен совет на медицински сестри“ (ИЦН) ја истакна клучната улога на медицинските сестри кои го сочинуваат половина од медицинскиот персонал во светот.
– Медицинските сестри се рбет на секој здравствен систем, изјави претседателот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, потсетувајќи дека медицинските сестри и сега се во првите борбени редови против Ковид-19.
Според извештајот на СЗО, бројот на медицински сестри е нешто под 28 милиони, а за пет години нивниот број до 2018 година порасна за 4.7 милиони.
„Но тоа за уште 5.9 милиони помалку од потребниот број“, пишува во извештајот.
Најмногу медицински сестри недостасуваат во сиромашните земји во Африка, Југоисточна Азија, Блискиот Исток и некои делови од Јужна Америка.
Ново на Сител
-
Од полноќ поскапуваат горивата
-
Најтопло во четврток, петок и сабота со температури до 39 степени
-
Струмичанец со тројца малолетници нападнале брачен пар во нивниот дом, го повредиле сопругот со остар предмет
-
Миле Јанакиески излегува од затвор
-
Петок пред Духовден, 21 јуни, неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведено едно лице
-
Нетанјаху ја распушти воената влада
-
Приведен криумчар на мигранти