Свет
22. јуни 2021 - 10:42

СЗО: Индискиот сој на коронавирусот регистриран во 92 држави

 Варијантата Делта за коронавирусoт, што за првпат беше откриена во Индија, веќе е регистрирана во 92 држави. Тоа го објави на брифинг во Женева, Марија ван Керхов, техничка раководителка на СЗО за борба против Ковид-19.

– Оваа варијанта на коронавирусот предизвикува посебна загриженост затоа што е позаразна и рапидно се шири низ целиот свет, нагласи таа. Според неа, прелиминарните истражувања исто така покажуваат дека инфекцијата со варијантата Делта го зголемува ризикот од хоспитализација.

– Ќе треба долго време да се контролира ширењето на тој сој, рече Марија ван Керхов. Таа истакна дека некои вакцини се помалку ефикасни против варијантата Делта, но во сите случаи помагаат да се спречат тешка клиничка слика и смрт.

Експертот на СЗО предупреди дека во иднина не се исклучуваат други мутации во коронавирусот што можат да ја намалат ефикасноста на вакцините.