Свет
18. April 2020 - 8:30

СЗО: Има малку индикации дека антителата обезбедуваат имунитет од повторна инфекција со коронавирусот

Светската здравствена организација (СЗО) не е сигурна дали присуството на антитела во крвта обезбедува целосна заштита од повторени инфекции со новиот коронавирус, изјави Мајк Рајан, еден од највисоко рангираните експерти во организацијата.

Рајан додаде дека дури и ако антителата се ефикасни, мали се индикациите дека голем број на луѓе ги развиле и дека почнуваат да обезбедуваат таканаречен имунитет на стадо кај поголеми групи од популацијата.

-Голем дел од прелиминарните информации што ни доаѓаат сега укажуваат на тоа дека прилично мал процент од населението се здобиле со антитела, нагласи тој, додавајќи дека генерално нема докази дека повеќето луѓе во заедницата развиваат антитела.