Свет
31. March 2021 - 8:30

СЗО денес ќе презентира сознанија за вакцините

Советодавниот одбор на Светска здравствена организација (СЗО) денеска ќе ги презентира најновите сознанија за вакцините против ковид-19, против ебола, против детска парализа и другите заразни болести.

Стратешката советодавна група експерти за имунизација (САГЕ) на СЗО имаше состанок минатата недела, а денеска ќе ги презентира своите наоди и препораки.