СЗО: Делта сојот присутен во 132 земји
Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека уште осум земји пријавиле присуство на делта сојот на коронавирусот, со што тој сега е регистриран во 132 држави.
СЗО изрази загриженост поради континуираното ширење на сите четири варијанти на Ковид-19.
Алфа сојот е откриен во Велика Британија во септември 2020 година и во јули беше распространет во 182 земји.
Бета варијантата беше идентификувана во Јужна Африка минатиот август и сега е присутна во 131 земја, додека гама мутацијата се појави во Бразил и за една недела се прошири од 78 на 81 држава.
Случаите на зараза со коронавирус во светот минатата недела се зголемија за осум проценти, а смртноста од Ковид-19 се зголеми за 21 отсто, соопшти СЗО. Новопотврдените случаи се над 3,8 милиони, а смртните случаи од Ковид-19 се повеќе од 69.000.
Заклучно со 25 јули, во светот се регистрирани вкупно 193.657.729 случаи на инфекција со Ковид-19 и 4.154.660 починати пациенти.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто