СЗО: Делта сојот најмногу циркулира во области каде има помалку вакцинирани
Циркулацијата на делта варијантата на коронавирус во области со ниска вакцинација го поттикнува ширењето на Ковид-19 низ целиот свет, соопштија денеска претставници на Светската здравствена организација.
– Во многу места во светот каде што има се повеќе заразени со делта варијантата на коронавирус, дури и во земји кои имаат високо ниво на вакцинација на национално ниво, делта сојот навистина циркулира и се шири во области со мала покриеност со вакцини, и постои многу ограничена и неконзистентна имплементација на јавните здравствени и социјални мерки, изјави епидемиологот на СЗО, Марија Ван Керхове на онлајн прес -конференција.
Според главниот научник на СЗО, Сума Сваминатан, „вакцините без сомнение спречуваат зголемување на бројот на тешки и смртни случаи како последица на делта варијантата на коронавирусот“.
Таа рече дека податоците во моментов не упатуваат дека е неопходно довакцинирање против Ковид-19. СЗО смета дека најранливите луѓе насекаде во светот треба прво целосно да се вакцинираат, а дури потоа во богатите земји треба да се започне со довакцинација на граѓаните.
Ново на Сител
-
МФ: Исплатата на плати, како и другите буџетски расходи се реализираат врз основа на обезбедени средства во буџетот
-
САД најавуваат 2,2 милијарди долари за ново оружје и муниција за Украина
-
На 9.април ќе се трча 11.то издание на Женска трка
-
Почина модниот креатор Пако Рабан
-
Почина Гоце Камчев, основач и претседател на „КАМ маркет“
-
Уапсен 19 годишник од Слупчане - при претрес во неговиот дом била пронајдена дрога
-
Кина: Наводниот шпионски балон над САД е метеоролошки уред
-
Мицкоски: Власта не ги решава проблемите на земјоделците