Loading Video...
Свет
4. March 2021 - 16:31

СЗО: Бројот на нови случаи на Ковид-19 во Европа повторно расте по шестнеделен пад

Бројот на нови случаи на коронавирус во Европа повторно расте, откако шест недели беше во пад, предупреди Светската здравствена организација. Заврши шестнеделниот пад што носеше надеж, изјави директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге. Според податоците на СЗО, ситуацијата е најзагрижувачка во источна и централна Европа. Ханс Клуге потенцира дека на стариот континент треба да се забрза имунизацијата. Европската агенција за лекови соопшти дека почнала со проценка на ефикасноста на руската антиковид вакцина Спутник Ве. Руските власти соопштија дека се подогтвени да испорачаат 50 милиони вакцини на ЕУ до јуни годинава, доколку Спутник биде одобрена од европскиот регулатор.

Безбедносните мерки околу Капитол Хил во Вашингтон се зајакнати а предвидените активности на Конгресот за денеска  се откажани. Причината е можен напад на Конгресот од страна на милитантна група објавија ФБИ и одделот за домашна безбедност на САД. Разузнавачите синоќа предупредија дека нападот може да се случи од 4 до 6 март, но повеке детали не открија.

Постојат силни знаци дека во наредните денови може да дојде до ерупција на вулакнот на планината Кеилир во близина на Рејкјавик објави исландската цивилна заштита. Ако се случи ерупцијата таа ќе биде прва по повеќе од 800 години на тоа подрачје. Во последените седум дена на Исланд се регистрирани дури 10 000 потреси а најсилниот бил со јачина од 5,6  степени според Рихтер.