СВР Велес соопшти детали за сообраќајката на магистралниот пат Градско-Прилеп
СВР Велес соопшти детали за сообраќајката кај мотел Дреново, што се случи денеска во15 часот на магистралниот пат Градско-Прилеп. Во несреќата со телесни повреди се здобиле еден возач и сопатничка, констарирани во болницата во Кавадарци.
-Во сообраќајната несреќа учествувале две патнички возила, „ауди" со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ж.С.(59) од село Секирци-Општина Долнени и „југо" со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.Л.(73) од село Сирково-Општина Росоман, појасни портпаролката на СВР Велес, Билјана Ѓаковска.
Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот на југото и сопатничката во аудито, констарирани во болницата во Кавадарци.
По овластување на јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од ОВР - Кавадарци
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис