СВР Тетово со истраги за злоупотреби и уцени преку Фејсбук
Млад жител на тетовско село на социјалната мрежа „Фејсбук“ добил понуда за пријателство од Французинка, а комуникацијата стигнала до размена на фотографии и видеа со компромитирачка и контраверзна содржина. Сепак, комуникацијата завршила со уцена на наводната Французинка дека неговите „голи“ фотографии ќе бидат јавно објавени доколку не и даде одредена сума пари.
Потоа младиот тетовец го пријавил случајот во СВР Тетово, па оттаму службите за компјутерски криминал сега истражуваат за што станува збор.
-Ова не е единствен пријавен случај. Има и такви кои на „Фејсбук“, „Инстаграм“, виделе нивни фотографии објавени од други лица придружени со навредливи текстови и пораки за трети лица. Оттаму, се апелира до корисниците на социјалните мрежи да се воздржат од вакви злоупотреби, но и од невнимателно споделување на лични податоци, без при тоа адекватно да ги заштитат, посебно при контакти со непознати лица од други места или држави, при учества во фиктивни наградни игри со лажни добивки и при практикување на „онлајн нарачки“, истакнува Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.
Од Секторот за внатрешни работи Тетово укажуваат дека злоупотребувањето лични податоци претставува кривично дело, за кое е предвидена парична и затворска казна до една година (член 149 од Кривичниот законик). Доколку злоупотребувањето го извршило службено лице при вршење служба, ќе се соочи со затворска казна од три месеци до три години.
Ново на Сител
-
Деветмесечно бебе донесено во неконтактибилна состојба, починало во болница во Охрид
-
ДИК ги соопштува освоените мандати за пратеници во новиот парламентарен состав
-
Претрес во Струмица, приведен осомничен дилер
-
Кривична против градоначалник за незаконско располагање со буџетски средства за време на избори
-
Расчистено двојното убиство во Стајковци
-
Напаѓачот на Фицо призна вина
-
Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, посредувала за добивање социјални станови
-
Костадиновска-Стојчевска: Музеите имаат заштитничка улога за нашата историја, култура и идентитет