СВР Тетово изрече 147 мерки за сообраќајни прекршоци
На подрачјето на СВР Тетово вчера во периодот од 8 до 20 часот, изречени се вкупно 147 мерки за констатирани сообраќајни прекршоци, најмногу за пребрзо возење. Во вчерашните активности откриени и соодветно санкционирани биле вкупно 48 возила, односно возачи, од кои 26 во тетовскиот, а 22 во гостиварскиот регион кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место.
Четири возила (по две во двете подрачја се движеле со над 70 километри на час повеќе од пропишаната брзина, седум возила (ТЕ-4 и ГВ- 3) ја пречекориле брзината од 50 до 70 километри на час.
-СВР Тетово повторно апелира до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот, целосно да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација на патиштата и улиците која се однесува на максимално дозволената брзина на движење и да бидат докрај внимателни, посебно во вечерните часови. Зашто, пребрзото возење и овој месец е најчестата причина за најголемиот број од случените сообраќајни несреќи во поширокиот Полошки регион, вели портпаролот Марјан Јосифоски.
При контролата, исто така, биле санкционирани и 39 возила (ТЕ-33 и ГВ-6) кои ја пречекориле брзината во населено место, најмногу за 30 до 50 километри на час, а санкционирани биле и 60 (ТЕ-55 и ГВ-5) други видови сообраќајни прекршоци.
Ново на Сител
-
Намален бројот на превезени патници во патниот сообраќај во првиот квартал
-
Денеска и утре нестабилно со пороен дожд
-
Почина 32-годишник, излетал од патот со автомобил
-
Општина Карпош демантира дека издала одобрение за забавниот парк кај „Борис Трајковски“
-
ССМ: Синдикална минимална кошница за мај 60.090 денари
-
Уапсени седум педофили во Србија, во становите пронајден детски порнографски материјал
-
Русија ги обвини САД дека сакаат да распоредат оружје во вселената
-
ОЈО отвори истрага против врховниот судија Георгиев и членот на Советот на јавни обвинители Мемети