Македонија
11. July 2016 - 15:06

СВР-Штип:Откриени 35 возачи кои ги управувале возилата под дејство на алкохол

При извршени контроли за време на викендот од страна на СВР - Штип утврдено е дека 35 возачи ги управувале своите автомобили на регионалните и магистралните патишта  под дејство на алкохол, информираше денеска портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова.

- Од извршениот алко тест на вкупно 177 возачи, кај 35 е откриено присуство на алкохол, поради што истите се исклучени од сообраќај и издадени им се мандантни платни налози. На 33 возачи привремено им се одземени возачките дозволи, вели Панајотова.

Таа истакна дека СВР-Штип продолжува со зајакнати мерки за откривање и санкционирање на оние  возачи кои ќе  направат прекршоци во сообраќајот доколку возат брзо или под дејство на алкохол, а кои се и најчестите причини за предизвикување на сообраќајни несреќи. Панајотова апелира возачите да се придржуваат на сообраќајните правила и прописи.