Македонија
24. November 2022 - 17:37

СВР Охрид работи на расчистување на инцидентот со бугарскиот клуб

Охридската полиција работи на расветлување на случајот со нападот со огнено оружје на бугарскиот културен клуб „Цар Борис“во Охрид , како и на нападот со тврди предмети од пред три дена каде беше искршен излогот на просториите, но и таблата каде е испишано името, а сторителите засега не се пронајдени.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски  вели дека полицијата чека насоки од Јавниот обвинител како да постапува понатаму во случајот .

(Полициски екипи при СВР Охрид излегоа на местото на настанот при што,  утврдено е дека на стаклото од надворешната врата и стаклото од излогот на канцеларијата има две оштетувања направени од оружје.За настанот известен е Јавен Обвинител од ОЈО Охрид  по чии насоки се преземаат мерки за  расчистување на настанот) стои во соопштението на охридската полиција.

Охриѓани иако се против отворање на бугарски клубови со спорни имиња сепак ги осудуваат нападите, тие велат дека Охрид важи за мирен град ,дуќанџиите пак кои што се наоѓаат во непосредна близина на клубот во амамот во строгиот центар на градот видно вознемирени од пукањето .

Ова е трет напад на контроверзниот бугарски клуб во Охрид ,

претходно, беше искршен излогот на просториите, но и таблата каде е испишано името Цар Борис Трети а бугарските медиуми објавија и видео од инцидентот во кое три маскирани лица го кршат излогот на клубот со тврди предмети.

Отворањето на просториите на клубот во Охрид се случи на почетокот од октомври. Тогаш, со протест и тензии помина свеченоста.