Македонија
30. September 2022 - 20:00

Свлечиште од дожд предизвика дефект на доводот Горна Радика

Свлечиште од дожд предизвика дефект на доводот Горна Радика од хидроенергетскиот систем Маврово. Пукна бетонскиот ѕид на каналот, а водата се излева надвор од доводот Горна Радика,  кој ги носи водите до ХЕЦ Врбен. Оваа снимка предизвика паника во јавноста дали ќе запре производството на електрична енергија во хидорелектраната во услови на енергетска криза.

Доводниот канал пукнал пред два а  од ЕСМ велат се работи на санирање на дефектот.

 „Наши стручни лица се на терен и се преземаат сите мерки околу санирање на оштетениот делод каналот, кој во преостанатиот дел е во функција и непречено ги носи водите до ХЕ Врбен. Производството на електрична енергија не е загрозено и конзумот се обезбедува преку капацитетите на АД ЕСМ.

Хидроенергетскиот систем Маврово е стар повеќе од 6 децении, а неговата изградба почнала по втората светска војна. Овој најкомплексен систем прибира води од повеќе планински масиви и ги спроведува до турбините на хидроелектраната Врбен. Според информации на Сител, ова не е прв ваков дефект како последица на временски неприлики бидејќи се работи за подземни канали широко распространети во планинските предели. Од ЕСМ велат во тек е трета фаза од ревитализација на капацитетите на овој хидроенергетски систем.