Светскиот туризам ќе загуби над 22 милијарди долари поради епидемијата на новиот коронавирус
Епидемијата на новиот коронавирус ќе го чини светскиот туризам најмалку 22 милијарди долари како резултат на падот на трошењето на кинеските туристи, објави Гардијан, пренесувајќи изводи од анализа на Светскиот совет за патувања и туризам.
„Премногу е рано за точни податоци, но ССПТ направи прелиминарни пресметки во соработка со истражувачката фирма „Оксфорд економикс“ и тие покажуваат дека секторот ќе чини најмалку 22 милијарди американски долари оваа криза“, рече Глорија Гевара од Светскиот совет за патувања и туризам.
„Пресметките се засноваат на претходни искуства, како што се кризи со САРС или Х1Н1, како и загуби што произлегуваат од отсуството на кинеските туристи во последните неколку недели. Кинезите се туристи кои трошат најмногу додека патуваат“.
Наведената бројка за загуба е најпозитивното сценарио предвидено со студијата објавена од Оксфорд економикс, која се пресметува врз основа на хипотезата за пад од седум проценти на бројот на кинески туристи што патуваат.
Но, тие загуби би можеле да бидат повеќе од двојни, според „Гардијан“ – бројката може да достигне дури 49 милијарди американски долари доколку кризата продолжи како епидемијата САРС, што се појави во ноември 2002 година и беше ставена под контрола во јули 2003 година.
Ново на Сител
-
МЖСПП: Институциите се мобилизираат и координираат согласно „Акцискиот план за грејната сезона 2024 -2025“
-
Трамп за пожарите го обвини гувернерот на Калифорнија и го повика да поднесе оставка
-
Јаневска за дискриминацијата на ученикот од Миравци: Ќе се работи повеќе на почитување на личните права и на различностите
-
Општините од утре можат да аплицираат за грантови за развој на социјални услуги на локално ниво
-
Образованието и науката во 2025 година со рекорден буџет од 38 милијарди денари, најави министерката Јаневска
-
Тешко повреден 71-годишен пешак на крстосница во Велес
-
Четворица повредени при пад на лифт во болница во Атина
-
ДУИ со видео од Ахмети во УЧК униформа: Дајте ми го мечот, никогаш не сум изгубил војна