Светски лидери на отварање на Нотр Дам
Нотр Дам вечерва ги отвара вратите. Речиси 6 години по пожарот, француската катедрала се враќа во истиот сјај. Свеченото отворање на едно место ќе собере 50тина светски лидери, многу позначи личности, 170 епископи и свештеници и туристи од целиот свет.
Во Париз утрово пристигна и новоизбраниот американски претседател Трамп кому ова му е прво патување по изборот. Иако поканет на церемонијата нема да присуствува американскиот претседател Џо Бајден, туку само неговата сопруга Џил. Во Париз пристигнува и украинскиот претседател Зеленски кој ќе оствари средба со Макрон, но засега нема најави дали на заедничка маса ќе седне и со Трамп.
Француската престолнина овие два дена е под засилени безбеносни мерки, слични на оние за време на Олимпијадата пред неколку месеци.
Тоа означува светост, мирни души, спокојство. Многу е радосно, пред сè радосно, повторно да се види толку убава катедрала обновена, Воила. Бев многу исплашен за време на пожарот, да не го видиме повторно. Но, таа стои високо, сега во 2024 година“.
Секојдневно ја гледав конструкцијата од мојот прозорец, шпицот се спушта, се враќа назад. Видов како гори, видов дека повторно се крева. Го доживеав од ден на ден, велејќи дека еден ден ќе биде готово. И тоа е готово.
- Што значи Нотр Дам за мене? Ова е, едноставно кажано, ова. Го гледате ова, а потоа и обоениот прозорец. Тоа значи сè, сè“.
Пред почетокот на церемонијата Франција издаде портокалово предупредување поради бурата Дара која се очекува да донесе силен ветер, дожд и снег, па свеченото отворање со обраќањето на Макрон кое првично беше планирано пред катедралата, ќе се одржи внатре.
Реконструкцијата на катедралата која светските медиуми ја припишуваат како момент на триумф на францускиот претсетседател, сепак доаѓа во време на сериозни политички превирања по падот на француската влада неделава.
Култниот споменик стар 861 година речиси целосно беше уништен во пожарот во 2019та, а за негова обнова беа собрани релиси милијарда долари донации од целиот свет.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар