Македонија
19. November 2015 - 8:39

Светски ден на филозофијата

Филозофскиот факултет во Скопје го одбележува Светскиот ден на филозофијата.

Свеченоста почнува денеска со поздравна реч на раководителот на Институтот за филозофија проф. д-р Иван Џепароски и на претседателот на Филозофското друштво на Македонија Љупчо Митковски. Потоа ќе биде промовирано списанието „Филозофска трибина 18“ и ќе бидат доделени благодарници и почесни членови на Филозофското друштво.

Во рамки на Светски ден на филозофијата денеска ќе бидат одбележани и 90 години од раѓањето на академик Јордан Поп Јорданов по кој повод пригодна реч ќе имаат Љубомир Гајдов и д-р Мартин Поповски, а прикажан ќе биде документарниот филм „Три животи“. Исто така ќе бидат одбележани и 85 години од раѓањето на академик Георги Старделов по кој повод пригодна реч ќе има проф. д-р Иван Џепароски и ќе биде прикажан документарниот филм „Георги Старделов“.

За утре е предвиден симпозиум на тема „Филозофија и политика“.