Светската банка го условува кредитирањето на Грција
Претседателот на Светската Банка, Џим Јонг Ким ги урна надежите на Атина за добивање кредит од оваа финансиска институција, изјавувајќи дека нема да има одлука за прашањето за кредитирање на Грција се додека европските кредитори не ја одобрат исплатата на новите транши од нивната помош за земјата во текот на летото, објави лондонскиот весник „Телеграф“.
Според весникот, властите во Атина се надеваа дека со овој кредит од Светската банка ќе ги финансираат проектите за помош на пазарот на трудот и за развој на земјата.
Јонг Ким меѓутоа нагласи дека Банката засега не донела одлука за доделување кредит на Грција, додавајќи дека очекува за ова прашање да се води жестока дебата во нејзиниот Управен совет.
- Доделувањето кредит на Грција би претставувал ризичен чекор за Банката, изјаву Јонг Ким, додавајќи дека за такво нешто ќе биде потребно одобрение од Управниот совет на Банката.
Според Јонг Ким, на Атина треба да и биде јасно дека дури и да и биде одобрен кредит од Банката, тој не ќе може да биде поголем од една милијарда евра.
Тој најави дека Банката сепак ќе продолжи да соработува со Грција во серија проекти
Од 2012 година Грција ја ангажираше Светската банка за консултантски услуги за реализиација на повеќе проекти, како што се справувањето со невработеноста меѓу младите, реформите на јавните финансии и подобрување на конкурентноста на земјата.
Ново на Сител
-
Курти за вонредни избори во Косово: Опозицијата да се подготви, ние сме секогаш подготвени
-
Фицо е во тешка животозагрозувачка состојба
-
МОН: Започна печатењето на одобрените учебници од прво до седмо одделение
-
Кривична пријава за полициски службеник за малтретирање во вршење на службата
-
Обид за атентат врз словачкиот премиер по состанок на Владата
-
Нетанјаху ја отфрли Резолуцијата на ОН за поддршка на признавањето на палестинската држава
-
Часовници на Шумахер продадени на аукција за 4,1 милион евра
-
Намалени производството и продажбата на шумски производи