Светска банка: Најголем глобален пад во економијата од Втората светска војна
Пандемијата на коронавирусот и мерките преземени од страна на државите со цел сузбивање, ќе доведат на крајот на 2020 година до најголем пад на светската економија од Втората светска војна, нагласува Светската банка во најновиот извештај.
Според прогнозите на Светската банка, глобалниот раст ќе падне за 5,2 проценти оваа година, што би било најдлабока рецесија по Втората светска војна.
Повеќето светски економии би доживеале најголем пад на производството по глава на жител од 1870 година, соопшти Светската банка во извештајот „Глобални економски перспективи“.
Најтешко погодени се оние држави каде пандемијата е најлоша и кои во голема мерка се потпираат на глобалната економија, туризмот, извозот на стоки и надворешното финансирање, се додава во извештајот.
Силата на ударот ќе варира од регион до регион, но сите нови пазари и економиите во развој имаат зголемена ранливост, предупредува Светската банка. Во Европа се очекува економски пад од седум отсто додека во САД 6,1 отсто пред да се појават знаци за обнова во 2021 година. Во 90 отсто од 183 економии се очекува пад на БДП во 2020 година.
СБ предупредува дека приходот по глава на жител се очекува да падне за 3,6 проценти, поради што милиони луѓе ќе се соочат со екстремна сиромаштија оваа година.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите