Светска банка: Имаме нулта толеранција за измама и корупција, средствата мора да стигнуваат до корисниците
Проектот за итен одговор на состојбата со КОВИД-19 одобрен неодамна, ќе помогне во напорите да се заштитат граѓаните на Македонија од пандемија, да се одговори на итните здравствени приоритети, а обезбеди и социјална помош за најранливите категории во земјата, соопшти денеска Светска банка.
Светска банка подвлекува дека ги следи тековните дискусии во медиумите поврзани со проектот.
-Посветивме големо внимание на интегритетот на проектниот дизајн и ja земаме сериозно предвид загриженоста околу проектот и неговата имплементација. Проектот ќе помогне на Република Македонија во детекција, превенција и одговор на заканата од КОВИД-19 пандемијата и ќе го зајакне јавниот здравствен систем. Здравствената комопонента ќе го зајакне капацитетот на здравствениот систем преку идентификација и правилно управување со случаите поврзани со КОВИД – 19, вклучително и зајакнуање на капацитетот на Фондот за здравствено осигурување за покривање на зголемените трошоци од здравствени услуги. Компонентата за социјална заштита ќе обезбеди времена поддршка за приходите на оние поединци и домаќинства кои се економски погодени од мерките неопходни за спречување на ширење на вирусот, како одржување физичка дистанца и други рестрикции, стои во соопштението на Светска банка.
Светска банка дополнува и дека има нулта толеранција за измама и корупција и сериозно ја сфаќа обврската да гарантира дека средствата од нејзината Групација се користат за јасно дефинирани активности, како и дека стигнуваат до наменетите корисници.
-Упатствата поврзани со набавка на Светска банка ќе се применуваат за набавка на здравствени материјали, опрема и услуги. Паричните трансфери до домаќинствата се регулирани со јасни критериуми за подобност и имаат механизми за надзор и контрола. Договорите финансирани од Светска банка имаат клаузули што ни овозможуваат да извршиме увид во досиејата на добавувачите и понудувачите во случај на сомнеж за измама и корупција. Светската банка исто така ќе го контролира процесот на набавки, синџирот на снабдување и плаќањата, објаснува Банката.
Во сите проекти на Светска банка, како што пишува во соопштението, се спроведуваат проверки за да се помогне во справувањето со доверителските ризици.
-Обезбедуваме соодветни аранжмани за финансиско управување за секоја операција како дел од фазата на подготовка. Ќе продолжиме одблизу да ги следиме доверителските ризици и да применуваме соодветни мерки за време на спроведување на проектот. Мерките вклучуваат редовен преглед на доверителските аранжмани на проектот, преглед на трансакциите за набавки, периодични финансиски извештаи и надворешна ревизија на финансиските извештаи на проектот, наведува Светска банка.
Ново на Сител
-
Новороденче почина на Детската клиника, било донесено од Струмица со сепса добиена при породување
-
Поранешниот министер Никола Димитров објави дека бил нападнат со агресија и закани од човек кој не го познава
-
Грчките власти им забраниле на албанските новинари влез во земјата за да присуствуваат на средбата на Рама во Солун
-
Прв премиерлигашки пораз сезонава за Манчестер Сити, Ливерпул нов лидер
-
Маж со автомобил ја удрил поранешната девојка во Ѓорче Петров
-
Уапсен 54 годишен маж - Ја турнал на земја за да и ја земе чантата
-
Истрага за примање поткуп од градежна инспекторка во Куманово, судот определи триесетдневен притвор
-
Македонската кикбокс сениорска репрезентација замина на ВАКО Европското кикбокс првенство во Атина