Светозар Маровиќ осуден на 46 месеци затвор поради корупција
Претседателот на поранешната сојузна држава Србија и Црна Гора, Светозар Маровиќ, кој е обвинет за корупција и злоупотреба на власта постигна нов договор со Обвинителството во Подгорица, со што доби вкупна казна затвор од 46 месеци, објавија денеска црногорските медиуми.
Тој вчера призна дека ја злоупотребил службената положба при изградба на два објекти и при продажба на земјиште.
Маровиќ, кој е поранешен функционер на владејачката Демократска партија на социјалистите на 5. септември беше осуден на 22 месеци затвор поради корупција при изградба на објекти на црногорскиот брег на Јадранско Море. Тој треба да врати 1,1 милиони евра незаконски заработени и да плати казна во висна од 50.000 евра.
За новите злоуппотреби што Маровиќ ги призна пред Обвинителството, осуден е на 24 месеци затвор и да уплат 50.000 евра за хуманитарни цели.
Со претходната пресуда Маровиќ ќе биде во затвор вкупно три години и 10 месеци.
Ново на Сител
-
ССМ: Трошоците за живот растат, новогодишната кошница нема ефект
-
Преглед на вестите од светот
-
Трамп избран за 47-от претседател на САД
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Избегната трагедија во Чемерско - Сите станари од домот евакуирани
-
Дефект на магистрален вод го остави речиси пола Скопје без парно – Проблемот е решен
-
Прикажани снимките од движењата на возилата со кои е грабната Вања
-
Обинителството истражува дали трето лице помагало на Груби и Беџети во случајот за кој се најдоа на црната листа