Македонија
3. May 2020 - 16:27

Светот благодари на медиумите за известување во пандемијата

Новинарството во време на панедмијата се соочува со рестрикции, казнувања, но и ширење на деизнформации и злоупотреба на медиумите. Ова се предупредувањата кои доагаат од ОН во времето на светската здравствена криза.
 
ЕУ и  ОБСЕ исто така ги  повикаа  Владите да застанат во одбрана на слободата на информирање. Тие побараа  поддршка за новинарите и медиумите да си ја извршуваат работата и покрај наметнатите забрани, вели Гутереш.
 
Професионалното новинарство не смее да се ограничува е порака од  ЗНМ и Синдикатот на медиумските работници во Македонија. Денот  на слободата на медиумите  го честитаа и  домашните политичари. Ппремиерот Спасовски  истакна дека тие остануваат суштинска потреба во времето на пандемијата.  Благодарност упатија и престедателот Пендаровски и  министерот за здравство Венко Филипче , кој ги нарече  медиумските работници достојни партнери во борбата против епидемијата. Лидерот на СДСМ Заев ја поздрави улогата на новинарството  во ситуација кога земјава се соочува не само со болеста туку и економските последици од неа. Лидерот на ВМРО –ДПМНЕ на ФБ објави  критики до власта дека врши притисоци и цензура врз медиумите и ја загрозува слободата на информирањето.