-->
-->
Светлaна (51) упаднала во домот на поранешниот сопруг и брутално ја убила ќерката: Девојчето (14) сакало да му помогне на братот и таткото, а добило куршум во глава!
-->
Една мајка ја убила својата ќерка поради одмазда кон поранешниот маж во градот Рентон во американската држава Вашингтон.
Светлана Лаурел (52) ја застрелала својата ќерка во глава додека девојчето Натали (14) се обидувало да повика полиција откако нејзината мајка ги врзала нејзиниот брат и таткото.
Лаурел се појавила во куќата на поранешниот маж, во кој ја пуштил нејзиниот син (12).
Кога детето ја пуштило внатре, го одвела во соба каде го врзала и му ставила чорапа во уста. Му се заканила со пиштол ако вика, а за сето време говорела како неговиот татко и го уништил животот.
Кога Натали и нејзиниот татко Мајкл се вратиле во куќата, Светлана држела тизер и го употребила кон нејзиниот поранешен маж, пред да го врзе.
Наводно „извекла и пиштол“ и му рекла на Мајкл „дека ќе пука во него зошто и го уништил животот“.
Натали наводно отишла на катот и од својата соба повикала полиција.
Потоа се одвивала крвавата драма, после која стигнала полицијата и ја уапсила Лаурел.
Кауцијата и е одбиена, а покрај за убиство, се товари и за киднапирање и заробување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен криминалец во тетовско за издржување тригодишна затворска казна
-
Бугарија неповратно загуби 653 милиони евра од ЕУ фондовите поради неспроведени реформи
-
Трансродовите американски војници ќе бидат одвоени од војската освен во исклучителни ситуации
-
Арачиновец со пиштол се заканувал на вработени од ЕВН
-
Норис доминираше на првиот ден од тестовите во Бахреин
-
Аморим е добро заштитен доколку Јунајтед реши да го отпушти на лето
-
Ѓоковиќ се враќа во Мајами по пауза од шест години
-
МНР отповика 9 амбасадори назначени од Пендаровски