-->
-->
Свети Николе: Со трактор излетал од патот, го пуштиле на домашно лекување, па следниот ден починал
-->
На 19.09.2021 во 17.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на локалниот пат за с.Горобинци, светиниколско, трактор „имт 533“, управуван од М.В.(68) од с.Горобинци излетал од патот, информираат од МВР.
Во незгодата М.В. се здобил со повреди констатирани во Јавната здравствена установа Свети Николе, по што бил пуштен на домашно лекување.
На 20.09.2021 во 05.00 часот, М.В. повторно отишол во ЈЗУ Свети Николе од каде со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Клиничка болница Штип, каде починал.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Каде ќе завршат гласовите за Османи и Таравари во вториот круг - одлука ќе се носи во следните денови
-
Парламентарни избори
-
ССМ на протест за 1 Мај
-
Традиционален пикник за 1 Мај
-
Продолжува предизборната кампања
-
Македонија го чека Палевски
-
Преглед на вести од светот
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди