Македонија
29. November 2020 - 21:48

Свекор се обидел да изврши обљуба на неговата снаа во Кичево

Вчера околу 06.15 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека во семејната куќа, 40-годишниот Ф.И. се обидел да изврши обљуба на неговата снаа.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, истиот ден во 07.20 часот тој бил лишен од слобода и задржан во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.