Македонија
24. November 2021 - 12:52

Сведок: Видов оган имаше излезено луѓе од автобусот, мирисаше на изгорено но не почувствував мирис на гориво

Сведок за трагичниот настан на автопатот „Струма“ е меѓу првите што се јавиле на бројот 112 и ја пријавил автобуската несреќа. Тој за БТВ открива детали за трагедијата.

Илија Николов работи на локација на 50 метри од местото на несреќата. Заедно со колегите работеле на свлечиште во близина на патот и тој е меѓу првите кои посведочиле на несреќата. Како што раскажува тие спиеле во приколка во близина на местото, кога слушнале силен звук како да пукнала гума, а потоа виделе оган.

– Слушнав звук, но не можев да разберам што е тоа. Со колегата се спуштивме долу до Кулата и видовме дека нешто гори во мантинелата – вели Николов.

Според него, веќе имало луѓе кои излегле од автобусот и биле на левата лента на патот, а тие излегле од автобусот што се вели во првите секунди од почетокот на пожарот.

– Зборуваа некој непознат јазик, не разбрав од каде се. Многу возачи застанаа и исто така притрчаа да помогнат на преживеаните. По 17-18 минути дојде полиција, по што ние се тргнавме настрана. Додека слегуваме надолу видовме како горат парчиња гума – вели работникот.

Тој вели дека мирисало на изгорено, но не почувствувал мирис на гориво. Дали заштитната ограда ја спречила задната врата да се отвори, не може да се присети затоа што се случило многу брзо и било многу темно.

Другиот сведок, кој исто така бил на местото на несреќата, не сакал јавно да сведочи пред камерата на БТВ, бидејќи бил премногу вознемирен од тоа што го видел.

Работниците веќе разговарале со компетентните органи за тоа што се случило ноќта за време на несреќата во која животот го загубија 45 македонски државјани, а преживеаа седуммина.