Свечена академија по повод 70 години од Факултетот за земјоделски науки и храна
По повеќето активности и настани организирани претходниве месеци, Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) вечер, со свечена академија во Македонскиот народен театар, ќе го заокружи одбележувањето на јубилејот - 70 години постоење.
ФЗНХ почна со работа во 1947 година како Земјоделско-шумарски факултет. Дваесет и осум години подоцна, од него се издвоија два независни факултета, Земјоделски и Шумарски.
Земјоделскиот факултет во 2004 година е преименуван во Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје.
На ФЗНХ досега дипломирале 7.811 студенти, 506 магистри, 259 доктори на науки и 117 специјализанти.
Во рамки на годинашниот јубилеј - седум децении постоење, ФЗНХ во откомври го организира третиот Меѓународен симпозиум за земјоделство и храна - ISAF 2017 на кој учествуваа преку 400 научници и експерти од областа на земјоделството и храната од 26 земји. Ова беше продолжување на традиционалната средба Факултет-Стопанство, што се одржа 39. пат.
Ново на Сител
-
Минималната плата мора да се зголеми
-
Три седници во Собранието
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги партизираше институциите
-
Викендот во Штип 39-то издание на „Макфест“
-
Преглед на вестите од светот
-
Замрзнати вработувањата во администрација
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади
-
Ахмети го свика централното претседателство на ДУИ: Протестите можна точка за дебата