Сузбиена организирана криминална група инволвирана во криумчарење мигранти
Во координирана полициска акција сузбиена е организирана криминална група инволвирана во криумчарење поголем број мигранти, најголем број по потекло од Сирија, дел од Конго и Ирак. Како што информира МВР, извршени се претреси кај пет лица во вкупно пет објекти, лоцирани на подрачје на Штип, Злетово, Пробиштип и Велес. Организатор на криминалната група е 39-годишен жител на Штип, кој работел заедно со уште петмина македонски државјани, како и 50-годишен жител на Србија и уште едно засега непознато лице, исто така од Србија. Во криумчарењето соработувало уште едно лице со потекло од Пакистан.
Лишени од слобода се вкупно пет лица, по едно лице се трага, а едно лице - член на криминалната група веќе издржува мерка притвор во КПУ Затвор Скопје. за сторено кривично дела „криумчарење мигранти“. ОСОСК до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против седум лица.
Координирана полициска операција со цел расчистување на кривични дела што се однесуваат на организирање на група за вршење на кривични дела криумчарење мигранти, спроведе денеска Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, под раководство на јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, информира Министерството за внатрешни работи.
Операцијата, како што информираат од МВР, е во рамките на криминалистичка истрага „Кипер“.
-Криминалистичката истрага се спроведуваше од септември 2023 година до јуни 2024 година над организираната седумчлена криминална група, која делуваше на тeриторија на Република Северна Македонија. Имено, организаторот на криминалната група В.С. (39) од Штип, со умисла и од користољубие, а со цел стекнување на противправна имотна и материјална корист, заедно со Д.Н. (28) од Злетово, Г.А. (52) од Пробиштип, В.Д. (50) од Р.Србија, Д.Л. (46) од Велес, И.Л. (23) од Велес и С.П. (29) од Велес, во соработка со У.Н., лице по потекло од Пакистан и засега непознато лице од Р.Србија, организирале криминална група во Република Северна Македонија, која извршила криумчарење на поголем број мигранти, при што се стекнале со значителна противправна имотна корист, се вели во соопштението од МВР.
Организаторот на криминалната група, В.С., како што се наведува во соопштениет од МВР, со У.Н. од Пакистан преку телефонска и интернет комуникација ja договарале локацијата и бројот на илегални мигранти за транспорт, а потоа членовите на организираната криминална група ги прифаќале илегалните мигранти на локации во околината на Гевгелија и Дојран, ги сместувале во специјално изработени импровизирани бункери, во делот за товар на товарните возила и ги превезувале до договорените локации во кумановско-липковскиот регион. По пристигнување, илегалните мигранти во организација на В.С. и засега непознато лице од Р.Србија, биле времено сместувани и засолнувани во објекти на членови, соработници и помагачи на криминалната група, а потоа криумчарени преку територијата на Р.Србија кон државите на ЕУ.
-Оваа организирана криминална група за време на своето делување организирала криумчарење на поголем број мигранти, најголем број по потекло од Сирија, дел од Конго и Ирак, кои претходно веќе пристигнале и одреден временски период престојувале на територијата Р.Грција. При реализацијата на оваа криминалистичка истрага беа вклучени полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за специјални полициски операции и Одделот за форензички испитувања, при што претреси беа извршени кај пет лица во вкупно пет објекти, лоцирани на подрачје на Штип, Злетово, Пробиштип и Велес, информираат од МВР.
При извршените претреси пронајдени и одземени се: патничко моторно возило, прашкаста материја, вага, мобилни телефонски апарати кои лицата ги користеле за извршување на кривичното дело, СИМ картички итн. Во соработка со КПУ Затвор Скопје, извршени се прегледи кај лицето кое е во притвор, при што пронајден е мобилен телефон.
ОСОСК до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против седум лица и тоа против В.С. за сторени кривични дела „организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ предвидено и казниво по член 418-в став 1, како и “криумчарење на мигранти“ предвидени и казниви по член 418-б став 4 во врска со став 2 од КЗ, против Д.Н., Г.А., В.Д., Д.Л. и С.П. заради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ предвидено и казниво по член 418-в став 2, како и “криумчарење на мигранти“ предвидени и казниви по член 418-б став 4 во врска со став 2 од КЗ, против И.Л. за сторено кривично дело „организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ предвидено и казниво по член 418-в став 2, во врска со член 24 „помагање“ од КЗ.
Пријавениот В.Д., како што информираат од МВР, од 19.03.2024 издржува мерка притвор во КПУ Скопје, а против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 418-б „криумчарење на мигранти“. предвидено и казниво во КЗ.
Ново на Сител
-
Пелистер со гол во финишот го совлада Вардар
-
Ф1: Верстапен прв низ целта во Сао Паоло
-
Предлог одлуката за избор на членови на ДИК пред Комисијата за прашања на изборите и именувањата
-
Маја Санду победи на претседателските избори во Молдавија
-
Израелците приведоа ирански „оперативец на терористичката мрежа“
-
Изборниот штаб на Трамп уверен во победа во шест од седум клучни држави
-
Најмалку деветмина загинати во ерупција на вулкан на островот Флорес во Индонезија
-
Состојба на патиштата