Суспендирани полицајците од Рочестер кои во март го задушија Афроамериканецот Даниел Прајд
Суспендирани се седуммината полицајци, кои учествувале во задушувањето на Афроамериканецот Даниел Прајд, кој почина на 30 март 2020 година, соопшти градоначалничката на Рочестер, Ловли Ворен, откако претходно беше објавена снимка од инцидентот.
Даниел Прајд почина седум дена откако во март годинава полициските службеници на државата Њујорк му ставиле качулка на главата и лицето му го притинале на тротоарот, оневозможувајќи му да дише.
Неговата смрт го привлече вниманието на јавноста дури пред два дена, кога неговото семејство одржа прес-конференција и прикажа полициски снимки и извештаи.
Градоначалничката на Рочестер. вчера, на прес-конференција ја соопшти одлуката за суспензија на полицајците, изјавувајќи дека во случајот потфрлиле администрацијата, системот и општеството.
-Даниел Прајд го изневери нашата полиција, нашиот систем за грижа за менталното здравје, нашето општество, јас го изневерив, изјави Ворен пред новинарите.
Таа истакна дека употребата на сила станала очигледна дури на 4 август и дека дотогаш случајот се водел како предозирање со дрога.
Таа на началникот на полицијата, кој го претстави случајот како предозирање, му соопшти дека е длабоко разочарана од неговиот неуспех да ја информира што точно се случило.
Семејството Прајд побара полицајците да бидат уапсени.
Неговата смрт се случи два месеци пред смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, што предизвика меѓународни протести против расизмот и полициската бруталност.
Ново на Сител
-
Аврамовска Мадиќ: Излезноста на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ 54 отсто
-
Деспотовски најави приговори за изборите за претседател на СДСМ
-
За ниедни пари не би пеела за партија | Лара Иванова | ПРОфесија | Sitel Podcast 049
-
Французите масовно гласаат во првиот круг од парламентарните избори
-
Гувернерот на Истанбул ја забрани Парадата на гордоста, го затвори центарот на градот
-
За влез во земјава на „Табановце“ се чека два часа, на останатите премини околу еден час
-
Два хеликоптера на МВР вклучени во гасењето на пожарот кај Василево
-
Најмалку 18 лица загинаа, а 30 се ранети во три напади на жени бомбаши самоубијци во Нигерија