-->
-->
Суспендиран светскиот првак Колмен
-->
Светскиот шампион на 100 метри, Американецот Крис Колмен ќе ја пропушти Олимпијадата во Токио следното лето, откако доби двегодишна суспензија поради тоа што не ги информираше анти-допинг властите за тоа каде ќе биде за тестирање, објави Одделот за интегритет на атлетиката (АИУ).
Колмен лани пропушти суспензија откако пропушти три допинг-теста, но сега казната го стигна. Американскиот спринтер лани тврдеше дека анти-допинг властите не ги следеле процедурите кога дошле да го тестираат на 9 декември 2019, а тој бил излезен да шопингува за Божиќ. Контролорите стоеле два часа пред неговиот дом чекајќи го за тест.
„Не ги прифаќаме доказите на спортистот, и очигледно е дека тој намерно го избегнал тестот“, објави АИУ, додавајќи дека неговата суспензија трае до 13 мај 2022 година.
Следен чекор за него може да биде Судот за арбитража во спортот (ЦАС).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
364 лица во 13 градови во државата се обучуваат да станат пожарникари
-
Преглед на вестите од светот
-
Од септември во образовниот процес ќе бидат вклучени и децата со онколошки заболувања
-
Во тек е постапката за убиството со стаклено шише во Психијатриската болница во Бардовци
-
Буково го труе Охрид и во лето
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски